Оваа маска од две состојки ќе ви го заштити лицето од минусните температури

Студеното време деновиве бара дополнително да си ја заштитите кожата. Кога станува збор за негата, задолжително користете ја оваа домашна маска за да го избегнете сушењето на кожата.

Маската е едноставна и ефикасна, ја заштитува кожата од минусните температури.

Потребни состојки:

Супена лажица густ јогурт

Две мали лажички мед

Подготовка:

Растопете го медот на пареа.

Потоа измешајте го со јогуртот, а кога ќе добиете соединета смеса со рака нанесете ја маската на чиста и сува кожа на лицето.

Оставете ја маската 15 минути, а потоа отстранете ја со мек пешкир.




Коментари

коментари