Подобро да ја преспиете Годината на овцата: Еве какви несреќи нè чекаат до крајот

Многу суеверни Кинези оваа година ќе избегнат да добијат дете, бидејќи се верува дека луѓето родени во знакот на овцата се несреќни и веројатно ќе бидат следбеници, а не предводници.

 

Според кинескиот календар, денес почнува Годината на овцата, која според прогнозите на астролозите и Фенг Шуи учителите, ќе ја одбележи нестабилна економија и голем број на сообраќајни несреќи. Иако најчесто се нарекува Година на овцата, многумина го користат изразот Година на козата или овенот.


Конфузијата настанува поради кинеската ознака “yang”, за сите преживувачи, со или без рогови. Козата е веројатно оригиналното значење, бидејќи тоа животно било распространето на фармите на Хан Кинезите, кои ја започнале традицијата со зодијакот. Сепак, повеќето Кинези го сакаат изразот Година на овцата, бидејќи им е посимпатичен од другите животни.


Годината на овцата, која настапува на секои 12 години, ќе биде година на природни катастрофи, како торнада во САД и тајфуни во југоисточна Азија. За Кина, каде што нема торнада, тоа ќе значи загадување на воздухот, “кој ќе донесе до валкани воздушни струи кои ќе влијаат на сечиј живот”, предупредува астрологот од Шангај Донг Џиалинг. Тој исто така предвидува дека во периодот околу јуни, економијата на Западот многу ќе варира, но дека во август или септември ќе почне период на економска стабилност.


Учителот по Фенг Шуи, Клемент Чан, предупредува дека оваа година ќе има многу несреќи на патиштата, како и авионски несреќи во првата половина од годината, но не колку што тоа беше случај во 2014-тата година. Чан истакнува дека позитивната страна на оваа година е тоа што ќе се зголеми бројот на жени кои ќе бидат светски лидери и директори на компании, кои ќе остварат значајни успеси.




Коментари

коментари