Категории

Овие два хороскопски знаци ги очекува прекрасен петок, проверете дали сте меѓу нив…

ДЕВИЦА
Чувствувате голем оптимизам и подготвени сте за сите изненадувања кои ќе ви ги донесе животот. Работата ви се зголемува, но тоа значи и зголемување на приходите. Денес е можен разговор со претпоставениот и можност за напредување во работата. Доаѓаат вашите пет минути и шансите кои ви се нудат не смеете да ги пропуштите. Колку сте вие амбициозни и полни со планови, партнерот е толку во спротивна насока. Тој го живее својот сон и не дозволува да го разбудат. Можеби во моментов тоа е најдобро за вас.

СТРЕЛЕЦ
Време е да ги претворите вашите идеи во нешто практично што ќе ви донесе стабилна иднина. Доколку се занимавате со пишување или со образование, ова е момент кој треба да го искористите за да започнете некој нов проект. Имате доволно оптимизам и дисциплина за да остварите се што ќе посакате. Партнерот ве поддржува и упорно се обидува да ви помогне. Не играјте си со неговото трпение и разговарајте отворено за вашите планови. Слободните стрелци се уште се повеќе заинтересирани за авантури отколку за сериозна врска.

Прегледи:
243
Ознаки:
· ·
Објавено на:
16.12.2016