Категории

Овие хороскопски двојки немаат среќа

Секое правило има ислучок. Но, според бројни анализи и истражувања, многу е важно како хороскопскиот знак на вашиот партнер се спојува со вашиот.

Овие парови не може да функционираат добро поради спротивните карактери.

Водолија и Риби

Водолиите се слободољубиви луѓе кои со огромен интерес ги изучуваат сите можности кои им ги нуди животот. Нивните дејства се непредвидливи и обично водени од нивните моментални желби. Не умеат да ги покажуваат чувствата, ниту пак паѓаат на романтични изненадувања. Рибите од своја страна држат токму до тоа. Тие нема како да го проголтаат запоставувањето од партнерот, како и недостатокот на романтика и нежност. Односот помеѓу овие два знака е крајно неперспективен.

Овен и Бик

Иако и двата знака се со силен карактер и тврдоглави, односите меѓу нив тешко би се задржале. Замислте си како Бикот си седнал во дворот, си пие чаша убаво вино, си јаде француски сирења и се насладува на зајдисонцето. Во исто време Овенот се појавува со страшна гримаса на лицето – како тоа Бикот го губи времето за глупости, наместо нешто да заврши. А има толку многу работи да се направат. Едноставно боемската суштина на Бикот никогаш нема да може да се комбинира со примарната ароганција на Овенот.

Рак и Вага

И двајцата се паметни, чувствителни, веруваат во вистинска љубов и мразат агресија. Сепак, нивната врска е речиси невозможна. Вагите го сакаат светскиот живот, излегувањата, трошењето пари, собирањето на пријатели, импулсивни одлуки. Ракот претпочита да седи дома и да си ги собира парите. Тој секогаш ќе се чувстува недоволно сакан и ценет. Односите помеѓу овие два знака би биле можни по цена на многу компромиси.

1 2

Прегледи:
928
Ознаки:
Објавено на:
31.03.2016