Овие навики се подеднакво лоши како и пушењето цигари

Сите сме свесни дека пушењето цигари е една многу штетна навика која има негативно влијание врз здравјето. Сепак, освен пушењето, постојат и други навики кои многумина од нас ги практикуваат на дневна база, а кои можат да бидат подеднакво штетни за нашето здравје.  

Целодневно седење

Седењето е исклучително штетно за нашето здравје и предизвикува многу проблеми. Дебелеењето и проблемите со кичмата се само некои од нив. Иако многумина од нас поради работните обврски таа навика не можат да ја избегнат, постојат работи кои може да ги направиме во врска со тоа. Доколку вашата работа бара од вас повеќечасовно седење, неопходно е да се занимавате со некоја физичка активност во слободно време. Без разлика дали станува збор за одење, трчање или па вежбање.

Месо и сирење

Намирниците од животинско потекло, како што се месото и сирењето, содржат хормон кој може да помогне во развивањето на карциномот. Преголема количина на месо може да биде штетна за вашето здравје, па затоа понекогаш заменете го со здрави намирници како што се зеленчукот и житариците.

Готвење на шпорет на плин

Доколку готвите на плински шпорет, добивате дополнителна доза на јаглерод моноксид и азот, секогаш кога го готвите својот оброк. Овие загадувачи вообичаено се наоѓаат во чадот од цигарите, а студија од 2013 година открила дека тие загадувачи се наоѓаат во плинските шпорети во домовите и тоа во прекумерни количини. Доколку поседувате плински шпорет, секогаш при готвењето вклучувајте го и аспираторот, за на тој начин штетните гасови да излегуваат. Но, најдобро е да го замените плинскиот шпорет со индукциска плоча за готвење.

Растително масло

Доколку при готвењето користите обично растително масло, на вашето здравје му нанесувате голема штета. Истражувањата покажуваат дека растителното масло при готвење и пржење ги испушта алдехидите и полицикличните ароматични јаглеводороди, соединенија пронајдени во чадот од цигари и се поврзани со потиснување на дишните патишта. Затоа, заменето го растителното масло со маслиново или кокосово масло. И секогаш користете аспиратор при готвењето.

Солариум

Сакате да имате темен тен? Дали знаете дека со користењето на солариум може да добиете рак на кожата? Доколку сакате да си направите услуга себеси и на својата кожа, задржете го белиот тен. Здравјето сепак е поважно од убавината. За да имате потемна кожа, јадете намирници кои содржат бета каротен – морков и домат.

Недостаток на сон

Квалитетниот сон е многу важен при одржувањето на рамнотежа во нашиот живот, како и за нашето здравје. Хроничниот недостаток на сон може да предизвика висок крвен притисок, срцев и мозочен удар, дебелеење и низа други проблеми. Поради сето тоа, неопходен е квалитетен сон. Доколку не спиете доволно или имате проблем со несоница, побарајте стручна помош, бидејќи постои можност да патите од апнеја – состојба која може да предизвика пореметување на сонот.




Коментари

коментари