Категории

Овие предмети во вашиот дом се сериозни преносители на бактерии

Во домот поминуваме најголем дел од нашето време, па затоа е важно да се внимава на скриените опасности. Внимавајте на правосмукалката, бојата од ѕидовите, постелнината…

Валкана постелнина

На креветот може да се најде баш се, од остатоци од пот, исцедоци од телото, па се до влакна, кожа… Според едно истражување, во текот на една недела од секо човек паѓаат околу 14 грама ситни честички кожа, а сето тоа се вовлекува во вашата постелнина која е погодно тло за хранење, а со тоа и размножување на бактерии.

Загадени апарати за греење и ладење

Во апаратите за греење и ладење, доколку не се чистат редовно, може да се насоберат бактерии, габи и останатит отпад кој не е добар за нашето здравје. Вдишувањето на тие честички може да резултира со алергија, а во посериозни ситуации и легионарска болест (легионелом), која е предизвикана од опасна бактерија која влегува во човековот тело со вдишување и во некои случаи може да биде и смртоносна.

Влакна од домашните миленичиња

Насобирање на влакна од вашите миленичиња и се останато што испаѓа д нив, вклучувајќи микроскопски парчиа мртва кожа, можат да предизвикаат кивање и течење на носот. Најдобар начин да се заштитите од алергиски реакции е да ги чувате влакнестите миленичиња што подалеку од платнената гарнитура и тепихот.

Боја на база на олово

Од таа боја настанува оловна прашина кога почнува да се лупи од ѕидот. Изложеноста на тие ситни честички може да доведе до оштетување на мозокот, нервниот систем, бубрезите. Оваа боја на база на олово порано се користела многу повеќе, а сеуште може да се најде на ѕидовите на некои домови.

 

Фиоките од фрижидерот

Нив би требало навистина често да ги чистите, односно да ги чувате стерилни, бидејќи знаат да кријат многу опасни микроорганизми, вклучувајќи Е. коли, салмонела… Овие бактерии можат да доведат до труење со храна, а во потешките случаи и проблеми со бубрезите. Ова се состојките кои ви се птребни да направите средство за дезинфикација на фиоките од фрижидерот:

  • пола литро вода
  • 50 мл медицински алкохол
  • неколку капки етерично масло со антибактериски својства, на пример од лимон или лаванда.

 

Прегледи:
287
Објавено на:
28.02.2018