Категории

Овие работи ги учевме на училиште, а воопшто не се точни

Не учеа дека рибите имаат меморија која трае три секунди, а биковите се разбеснуваат кога ќе видат црвена боја. Исто така дека громот не мава два пати на исто место… Но, тоа не е вистина.

 

Рибата има помнење од три секунди – Докажано е дека рибите се развиени како цицачите или птиците, а истражувањата покажале дека рибите можат да помнат од три до пет месеци.

Биковите се разбеснуваат кога ќе видат црвена боја – Бојата на биковите не им значи ништо, ним им смета мавтањето со знамето и поради тоа се вознемируваат, а не поради бојата на знамето.

Камилите чуват вода во своите грбки – Способноста на камилата да преживее седум дена без вода не се должи на фактот дека има вишок вода во грбките. Вистина е дека грбките содржат масти кои обезбедуваат енергија за околу три недели нормално функционирање, а вишокот вода се задржува во бубрезите и цревата.

Во универзумот нема гравитација  Во целиот универзум постои мала количина на гравитација поради која земјата и месечината остануваат на својата патека.

Северницата е најсјајната ѕвезда на небото – Ѕвездата Северница всушност е 46-тата најсјајна ѕвезда на небото, а најсјајната ѕвезда е Сириус.

Громот никогаш не удира два пати на исто место – Научниците од НАСА потврдиле дека громот може истовремено да погоди две места, но и дека може два пати да погоди исто место.

Кучињата се далтонисти – Кучињата всушност гледаат комбинација од жолтата и сината боја, како и различни нијанси на сива и кафена боја.

Луѓето користат само 10 проценти од својот мозок – Мозокот е речиси постојано активен, се користи во полн капацитет за основните функции на телото и органите, како и за создавање на конкретни мисли.

Камелеоните ја менуваат својата боја кога сакаат да се камуфлираат – Камелеоните ја менуваат бојата за да ја контролираат телесната температура и како би го манифестирале своето расположение. Потемните бои абсорбираат повеќе светлина, па кога им е топло ја променуваат бојата на кожата во посветла. Во врска со расположението, камелеонот има потемна боја кога е исплашен, а посветла кога е возбуден.

Ајнштајн бил лош ученик – Алберт Ајнштајн бил добар ученик, но не го сакал системот на изучување на предметите во училиште. Многу луѓе мислат дека не го положил тестот по математика, што не е точно, туку паднал на приемниот испит во Цирих на кој се пријавил кога имал 16 години. На приемниот положил математика, но паднал биологија, зоологија и јазик бидејќи прашањата биле на француски јазик за кој немал доволно познавање.

Прегледи:
463
Објавено на:
13.09.2017