Категории

Oвие работи треба да ги знаете за вашето тело

Многу девојки постојано размилсуваат за нивното тело, за нивните килограми, како и за многу недостатоци. Скоро секоја девојка сонува да има совршено тело и да ја достигне посакуваната тежина.

Но, постојат работи за ншето тело кои треба да ги знаеме и да престанеме со непотребните грижи.

Сите мислат дека нивните стапала изгледаат чудно.

Секој што прави да се чувствувате лошо за вашето тело е личност со комплекси. А постои веројатност и таа личност воопшто да не е среќна.

Не е возможно преку ноќ да се поправите 5 килограми од само едно парче торта. Можете дури и 3 дена по ред да јадете торта, а потоа 2 недели да се храните здраво. Не можете ни да изгубите 5 килограми преку ноќ.

Научете ја разликата помеѓу здравиот замор по вежбањето и можноста за болки по истото за да знаете кога е доста.

Ако вашето момче не го сака вашето тело, не треба да го менувате за него. Тоа е знак дека тој не е за вас.

Никогаш немојте да гладувате. Верувајте му на вашето тело кога сте гладни и јадете.

Вашата вагина е нормална. Престанете да се чувствувате чудно. Не постои совршена вагина, сите се различни на свој начин.

Секој што прави да се чувствувате лошо за вашето тело е личност со комплекси. А постои веројатност и таа личност воопшто да не е среќна.

Големината не е секогаш поврзана со здравјето. Многу жени кои имаат вишок килограми се здрави, а многу кои се слаби може да бидат болни. Не судете по корицата.

Сакајте се.

 

Прегледи:
499
Објавено на:
12.02.2018