Овие три работи се забранети во филмовите на Disney

Многу од филмовите на “Disney” содржат трауматични сцени како заговорот за убиство меѓу Скар и хиените во: „The Lion King“ или ловецот кој се подготвува да ја убие Снежана во “Snow White“.

Но, во реалноста, тоа не е така. Денес постојат правила што смеат, а што не смеат да прават ликовите во истоимените филмови.

Дејвид Лори, режисерот на „Pete’s Dragon“ од 2016 година, во интервју за “Ain’t It Cool News” откри дека кога се потпишува договор со “Disney”, во договорот стои дека во филмот не смее да има обезглавување, набодување и пушење.

Во 2015 година, претседателот на компанијата Боб Ајгер забрани сцени со пушење во филмовите на „Disney“ освен во случаи кога тоа е потребно заради историска автентичност на приказната.

 




Коментари

коментари