Овие земји се идеални и евтини за одмор

Секоја земја има свои знаменитости и убавини кои навистина вредат да се посетат. Но, помислата за тоа колку би чинело тоа патување, понекогаш не спречува да ја исполниме нашата цел.

Но, сепак постојат прекрасни земји, во кои може да поминете многу поевтино од очекуваното.

Романија е земја во која има многу да се истражи – пештери, паркови, замоци и тврдини, вулкани и уште многу други места што се некаде помеѓу реалноста и бајките. Цените за сместувањето се различни. Во хостелите цените почнуваат од 6 евра, а во хотелите од 11 евра. Можете да се сместите и во мини бунгалови покрај море за цена од 8 евра. За вкусната и традиционална храна нема да потрошите повеќе од 3-5 евра.

Португалија е земја која исто така вреди да се посети. Во Португалија може да изнајмите соба во хостел од 8 евра, а хотел од 16 евра. Едно од најпопуларните јадења е бакалар со зеленчук што чини околу 3-4 евра, печена риба околу 2 евра и други слични јадења кои во локалните кафулиња чинат околу 11 евра за двајца.

Убавините на Перу ќе ве остават без здив. Некои од тие убавини се старите градови, легендарните езера и огромните водопадиВо локалните кафулиња и ресторани се наоѓа вкусно пилешко и зеленчук за околу 2 евра, ручек во ресторан би чинел околу 3-5 евра, а целосен ручек на база на самопослужување може да чини околу 8 евра. Исто така, во некои маркети, за 10 евра можете да купите леб, јајца, овошје, сирење и пилешки гради па сами да си подготвите ручек.

Полска има достапни цени, со хостели кои често нудат попусти и чинат од 7 евра, а просечна хотелска соба за двајца во Краков може да чини и околу 20 евра. Капучино или чаша пиво чини околу 1.6 евра, а во локалните кафулиња може да јадете за 4-6 евра.

Филипините нудат топла клима, бели плажи и историски градби кои може да ги истражите. Тука можете да најдете хостели и хотели за цена од 4-14 евра, а може и да изнајмите цела куќа за 260 евра месечно. Во локалните кафулиња, појадокот и ручекот чини од 1.8-3 евра, а туристите најчесто се превезуваат со велосипет, брод или фери, а најевтин транспорт се ретро џиповите за повеќе луѓе.

Бали – магично место кое секој сака да го доживее. Можете да изнајмите соба во хостел за 3 евра, или во хотел за 8 евра. Појадокот чини околу 1.5-3 евра, а ручекот за двајца во кафулиња од 4-8 евра. Вегетаријанските оброци почнуваат од 1 евро, а евтино овошје може да се најде малку подалеку од самиот брег.




Коментари

коментари