Категории

Овогодишниот SKOPJE CALLING 2017 со JAX JONES & ALEX ADAIR ЗАЕДНО СО MARTIN GARRIX!

 

Овогодиншениот Skopje Calling ќе се одржи на 23-ти јуни.

Шоуто ќе го отвори ALEX ADAIR, млад диџеј од Британија во подем, чии ремикси за брзо време станаа вистински хитови и се вртени по сите светски радиостаници, а пред MARTIN GARRIX ќе настапи во моментов актуелниот диџеј ЈAX ЈONES кој во последниве неколку месеци е многу експониран со песната „You Don`t Know Me“ и кој ќе настапи со 90 минутен сет.

Инаку, досегашната продажба на влезнииците за претстојниот фестивал SKOPJE CALLING 2017 покажува дека на овој настан ќе присуствуваат минимум 20.000 посетители од целиот регион.

Авалон Продукција најавува дека влезниците ќе бидат по цени од 1.000 денари (ПАРТЕР), 1.500 денари (ФАН ПИТ), 1.500 денари (ВИП) и 2.000 денари (УЛТРА ВИП), можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, системот Евентим за регионот и онлајн.

 

 

 

 

Прегледи:
356
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
17.04.2017