Овој модел ја открива моќта на зголемувањето на телесната тежина

Половина чаша овес со бобинки. 115 грама пилешко со три стебла на аспарагус. Не многу сол на пилешкото (натриумот ја задржува тежината на водата). Кафе, кафе, кафе (за енергија). Еден литар коцки мраз за да се согорат уште дополнителни 160 калории. Преспивање за време на вечерата и проверка на тежината за појадок. Но, сè уште не бев доволно слаба.

Со мојата висина од 180 центиметри, целиот живот ми велеа дека треба да се обидам во светот на модата, но ги слушнав ужасните приказни на девојчињата кои јадат само моркови и се навлекуваат на тешки лекови за да останат тенки. Кога наполнив 16 години, гледајќи ги супермоделите на инстаграм, паднав под искушение посакувајќи ги нивните гламурозни животи, тоа всушност стана мој сон и посакав да го остварам. Направив истражување за нивната исхрана и вежбање, и едноставно се обидов да го следам тоа. На почетокот беше забавно, но наскоро тоа стана моја опсесија и бескрајна војна со храната.

„Уште еден центиметар помалку на мојата половина значеше дека сум на врвот на светот. Губењето на тежината беше мојата храна“.

 

A post shared by Maggie Greene (@maggieisgreene) on

„Ја пресметував секоја калорија која ја внесував во моето тело (дури и ако јадев три зрна грозје). Мојата цел беше да консумирам не повеќе од 900 калории на ден, а потоа да согорам најмалку три пати повеќе во салата за вежбање, вежбајќи до три часа на ден. Почнав да губам тежина веднаш и продолжив да губам тежина многу брзо, се до моментот кога пријателите и семејството ги прашуваа моите родители дали е се во ред со мене. Но, јас им го покажав што го јадам и ги уверив дека не се изгладнувам, па затоа успеав да ја задржам оваа шарада некое време. Често, моите пријатели на излегувањата јадеа пица и гледаа филм. Јас им велев дека не можам да одам, само за да не ги гледам како јадат пуканки или мрсна пица“.

„Околу три месеци подоцна, учествував во потрагата по модел и победив. Потпишав за локална агенција за моделирање во Нешвил, подготвувајќи се да посетам агенции во Њујорк. Знаев дека за да бидам успешна, морав да а задржам тежината. Но, одеднаш, губењето на тежината запре – заедно со мојот менструален циклус. Се доверив на мајка ми и таа ме принуди да посетам лекар, кој ме дијагностицираше со аменореа, отсуството на менструален циклус поради глад, неисхранетост и премногу вежбање. Тој ми кажа дека доколку продолжам да гладувам, тоа би можело да има долгорочни ефекти кои би можеле да бидат штетни за моето здравје. До извесен степен, знаев дека ова станува доста сериозно, но сепак сакав да постигнам стандард за убавина и да докажам дека сум достојна за општествените очекувања. Затоа ја продолжив мојата екстремна диета со цел да стигнам до најдобрите агенции во Њујорк“.

gnight to the city that never sleeps ??

A post shared by Maggie Greene (@maggieisgreene) on


„Ова траеше се додека не ми соопштија дека сите агенти ме прескокнале бидејќи сметаат дека треба да симнам уште килограми. Не можев да поверувам што слушам. Јас се изгладнував, а тие сакаат да изгубам уште повеќе тежина? Бев бесна и поразена. Го достигнав дното. Моделирањето по цена на моето здравје, од тој момент за мене беше глупаво. Завршив со тоа“.

„Најпрво бев несигурна, но решив дека ќе уживам, иако продолжив да вежбам и да се хранам здраво, но престанав да бројам калории и да се опседнувам со тоа. За кратко време, килограмите почнаа да се враќаат. Гледајќи се на огледало во долна облека, најпрво бев исплашена се додека не почнав да се смеам, среќна и задоволна со моите облини. Исцрпениот и нездрав изглед го немаше повеќе.

 

curvy in colombia–muchas gracias leonisa

A post shared by Maggie Greene (@maggieisgreene) on


Никогаш не помислував дека ќе можам да продолжам со мојот сон да бидам модел доколку ја задржам мојата природна големина. На крајот на денот, најважно е да можете да се погледне во огледало и да сте среќни со тоа што го гледате, без оглед на вашата тежина и градба“.




Коментари

коментари