Чек дис аут
Search


Со овој трик веднаш ќе се ослободите од нервозата

Нервозата е нормална човечка емоција која секој ја доживува повремено. Многу луѓе се чувствуваат нервозни или анксиозни, кога се соочени со проблем на работа, пред тест, или кога треба да направат важна одлука.

Но, постои едно едноставно правило кое за кусо време ќе ви помогне да ја вратите контролата врз вашиот ум. Тоа е правилото „5-4-3-2-1“. Овој трик ќе ве врати во реалноста преку активирање на петте сетила – вид, слух, допир, мирис и вкус.

Првиот чекор е во моментот на нервоза да погледнете наоколу и да идентификувате 5 работи што можете да ги видите во моментот. Потоа, 4 работи што можете да ги чуете, 3 што можете да ги почувствувате и 2 што можете да ги помирисате. И на крај, една работа што можете да ја вкусите.

Чекорите треба да ги правите брзо и ефикасноста на трикот е загарантирана.

 




Коментари

коментари