ОВОЈ ЗБОР ЈА ЧУВА ВАШАТА ВРСКА

 

fr_20151122_027178_2

Кога бевме деца, не учеа дека кога ќе направиме нешто лошо, треба да кажеме “извинете”. Потоа пораснавме и магичното зборче “извини”, се изгуби некаде низ животот. Што е полошо, ние не ги признаваме ни сопствените  грешки, а не пак да ги простуваме туѓите.

Вистинските мажи,  своите грешки ги признаваат, се извинуваат и бараат прошка. А на жените понекогаш само толку им е доволно. Незрелите мажи кога ќе им биде посочено дека згрешиле,  реагираат бурно и арогантно, во стил “нападот е најдобра одбрана”. Додека зрелите мажи, ќе ја сослушаат својата партнерка, па дури и пред таа да се побуни тие сфаќаат каде погрешиле и се трудат да ги минимизираат последиците од тоа. Тоа не докажува дека се слаби, туку напротив, затоа што e потребно многу храброст да признаеме дека не сме совршени. И кога едниот од Вас се труди да не греши, а кога греши се труди да се извини на најдобар можен начин, се кае, бара прошка и се однесува така, тогаш и другиот партнер ќе знае да сочувствува, ќе даде свој придонес, и најважно од сè, ќе научи да се извинува. На овој начин, сметаат психолозите, се создаваат предуслови за здрава и квалитетна врска, подобро ќе се чувствувате бидејќи тоа покажува дека вие сте одговорни и дека се грижите за заедничката иднина.

Сепак, признавањето, не Ви дава за право да ги повторите истите грешки одново и одново. Со тоа им давате право на луѓето да се сомневаат во искреноста на Вашите зборови и вие сте еден чекор поблиску да ја изгубите нивната доверба засекогаш.

Секогаш кога ќе погрешите, ќе направите нешто лошо, и нема да знаете што да му кажете на партнерот/ката, доволно е да кажете само извини. И можеби една прегратка.




Коментари

коментари