Паркинг по цена од 664.200 американски долари?

Со продажбата на едно паркинг место за сума од 5,18 милиони хонконгски долари односно,  664 200 американски долари, Хонг Конг  постави нов рекорд.

Паркингот се наоѓа на првиот кат на луксузен станбен комплекс во близина на крајбрежјето во западните делови на Хонг Конг. Неговата големина 17,5 квадратни метри и неговиот нов сопственик е Кван Ваи-Мин – извршен директор на инвестициска фирма. Оваа продажба тој ја нарекува продажба за светски рекорд.

Најскапото досега паркинг место во Хонг Конг беше продадено минатиот октомври за сума од 4,8 милиони хонконгски долари и исто така се наоѓаше во луксузен станбен комплекс.

 

 

 

Извор: Макфакс



Коментари

коментари