Категории

Пет знаци на злото: Како да препознаете луѓе со злобно срце

Една од причините поради кои многу често не го гледаме, да го наречеме, тоа „зло“, злобно срце или психопатско однесување, веројатно е тоа дека ни е тешко да поверуваме дека постојат такви луѓе.

Следните пет знаци ќе ви покажуваат дали имате работа со луѓе со злобно срце и доколку ги препознаете, најдобро е да се тргнете од нив.

  • Тие се експерти за создавање забуни и кавги; ги извртуваат фактите, заведуваат, лажат, избегнуваат да преземат одговорност, ја негираат вистината, измислуваат приказни, задржуваат информации за себе.
  • Тие се експерти во заведување на другите со својата слаткоречивост. Но, ако погледнете што создале или ако се поведете по нивните зборови, ќе видите дека тие ништо не менуваат и не се влог во раст и развој. Нивниот живот е илузија, а духовна храна им е туѓата несреќа.
  • Тие сакаат да ги контролираат другите, а сами на себе се најголемиот авторитет. Ги одбиваат повратните информации и конструктивните критики, сами ги креираат правилата по кои живеат, прескокнувајќи ги моралните норми.
  • Често играат на симпатиите на добродушните и наивни луѓе за да може да ги заведат. Тоа многу често го прават со барање сочувство, но самите никогаш не го даваат. Бараат топлина, проштевање и интимност од луѓето на кои им згрешиле без никаква емпатија за болката која ја предизвикале.
  • Луѓето со злобно срце немаат совет и не знаат што е каење. Дури немаат ниту намера да се борат со својата злоба, всушност уживаат во неа, а се под маска на одреден благороден карактер.
Прегледи:
437
Објавено на:
02.10.2016