Пинк и нејзината ќерка блеснаа на црвениот тепих

Кога имате ќерка, никогаш не е лошо време заедно да глумите принцези. А постои ли подобро место од црвениот тепих за да се покажете во вистинско светло?

На тоа помисли и Пинк, која вчера на 51 доделување на CMA наградите се појави во друшто на својата шест годишна ќерка.

Двете сјаеја како принцези во убави фустани. Пик беше облечена во бел фустан со карнери и црна лента околу струкот, а ќерка и носеше темно син фустан со циркони и тијара на главата.

Иако за Пинк е карактеристичен рокерскиот стил, таа очигледно не можеше да и одолее на својата “мала принцеза” и затоа реши да се појави во ваква неодолива и нежна комбинација.




Коментари

коментари