Плодот од шипка – чувар на здравјето

Шипката е есенски плод, кој помага во борбата против настинката, поради што многу луѓе го викаат “чувар на здравјето”.

Овие црвени плодови кои се достапни во шумите, покрај витаминот C, богати се и со витамините P, B12, B2, B1, K. Чајот од шипка одличен е за лекување од настинки. Редовно пиење на чај од шипка ќе го обзебеди телото со оптимална количина на витамин C, што ќе ве заштити од зимските настинки и инфекции. Исто така чајот од шипка се препорачува да се конзумира и при висока температура и грип.

Шипката е препорачана за луѓе кои боледуваат од Алцхајмерова болест, различни видови на рак, срцеви заболувања, артритис и многу други болести. Поради малиот број на калории, овој плод се препорачува и за луѓето кои имаат проблеми со телесната тежина.

 




Коментари

коментари