Почина најпознатиот теоретски физичар и космолог Стивен Хокинг

Астронаути, научници, славни личности и обожаватели на трудот на Стивен Хокинг на социјалните мрежи се збогуваат со него, човекот кој се сметаше за еден од најголемите умови на денешницата.


НАСА – Во сеќавање на Стивен Хокинг, реномиран физичар и амбасадор на науката. Неговите теории отклучија цел универзум на можности што денес ние и светот го истражуваме. Летај како Супермен во микрогравитација, како што им рече на астронаутите на Меѓународната вселенска станица во 2014 година.

Физичарот Нил Деграс Тајсон – Остана интелектуален вакуум зад него. Но, тој не е празен. Замислете го како енергетски вакуум, вткаен во платно на просторно-временски континуум кој се спротивставува на законите на физиката. Почивај во мир Стивен Хокинг.

Кети Пери – Во моето срце е голема црна дупка со часови пред Денот на бројот Пи. Почивај во мир. Се гледаме во следниот.

Тим Пик, британски астронаут – Инспирираше генерации да гледаат вон дометот на нашата сина планета и да го прошират разбирањето за универзумот. Многу ќе ни недостасува неговата личност и генијалност. Моето срце е со неговото семејство.

Акор Кели, американски астронаут – Голема загуба за човештвото. Почивај во мир.

Сундар Пичај, извршен директор на Гугл – Светот остана без прекрасен ум и брилијантен научник.

Екипата од „Бубалици“ – Ни беше чест што го имавме во „Бубалици“. Благодариме што не инспирира нас и светот.

Тереза Меј, британска премиерка – Професорот Стивен Хокинг беше човек со генијален ум, еден од големите научници во своето време. Неговата одважност, хумор и напор да извлече максимум од животот беа инспирација. Неговото наследство нема да биде заборавено.

Мира Сорвино – Неговата книга имаше огромно влијание врз мене додека бев на колеџ, а можноста да разговарам со него беше една од најголемите радости во мојот живот.

Универзитетот Кембриџ – „Гледај во ѕвездите, не надолу во твоите нозе“ – професорот.




Коментари

коментари