Категории

ПОДВИЖНА ПРИКОЛКА КОЈА ЌЕ ВЕ ОДНЕСЕ НА КРАЈОТ НА СВЕТОТ

Големо задоволство е да решите да отидете надвор од градот, некаде на мирно место со чист воздух и тишина, зар не? Но многу луѓе никогаш не го направиле ова затоа што им е тешко да се откажат од урбаниот комфорт. Со дизајнот на оваа подвижна приколка сè ќе биде полесно. Погледнете!

Холандскиот архитект Едвард Бохтлинг со дизајнот на новата приколка која се собира, наречена Маркис, пронашол одлично решение за ваквите проблеми.

9959_090816123101713_650x433

Во 1995та оваа приколка била прикажана на фестивалот Urban Campsite во Холандија (фестивал посветен на кампување и планинарење), и ја добила првата награда.

Кога е собрана приколката е широка едно метро и 80 сантиметри, а долга три метри и 65 сантиметри и изгледа како обична приколка. Но, кога нејзините ѕидови ќе се спуштат се отвара нов широк простор за живеење. Тогаш целата површина изнесува 30 метри квадратни.

9959_090816123101879_650x505

9959_090816123101963_650x487

На едната страна е спалната и шатор кој ги штити жителите од несакани инсекти и дожд, а од другата страна се наоѓа дневната соба.

Централниот дел се состои од тоалет и секако кујна која всушност е неверојатно опремена и изгледа многу модерно.

9959_090816123102046_650x532

Од двете страни на приколката има клупи и столчиња кои исто така се собираат.

9959_090816123102201_650x876

Замислете си да поседувате нешто вакво. Зар не би отишле и на крај на светот?

9959_090816123102277_650x365

9959_090816143616801_535x321

Прегледи:
553
Објавено на:
11.08.2016