Облаче

Облаче

 

Дојди кај мене.

Да полетаме во некои други светови.

Многу ги има, бели, розеви, сини, црвени

и само се наши, посебни, интимни.

Во ова секојдневно синило, ти си ми четката за боење.

Ти си ми инспирацијата.

Црните цветови ми ги боиш црвени,

Сивите неба ми стануваат најсини,

Зеленилото никогаш не било позелено,

Иако надвор е зима студена, ладна.

Каминот во душава го распали.

Ти срцето ми го грееш, ѕвезди во очите ми се гледаат.

Насмевката ниту најдобрата гума неможе да ми ја избрише,

Насликана со најубавата четка. Онаа љубовната.

 

-SoulDiary

 




Коментари

коментари