„Светли сни на темни сокаци“

Светли сни на темни сокаци

И црвениов лак ме потсеќа на тебе.

На онаа вечер, кога нервозно се спремав за средбата,

и не знаев што со себе.

Колку бедно и патетично бев занесена по тебе,

Знаеш, онаа вечер… иако мина време,

Уште ја памтам ко вчера да е.

Месечината толку силно сјаеше,

улично светло не требаше, не.

Излишно беше се, доволна беше таа.

Како планирано да се најдовме на таа пуста уличка,

Залутавме негде,

Во пуста темница, само таа над нас, сјаеше.

Таа која ги знае сите тајни,

таа која видела многу солзи,

многу кавги, многу бакнежи.

Таа која е сведок на почетоци и краеви.

Таа беше и наш сведок,

за нашиот почеток и крај.

Ми се смешка понекогаш, така ноќе

кога сама лутам низ градот.

Ми раскажува приказни,

а јас со очите ја слушам.

Ми вика има љубов, драга, има.

Има горка и слатка љубов,

И милион и еден вид измеѓу нив.

А има и една посебна, твоја љубов

Тука е негде, низ градските сокаци,

Ќе ја најдеш верувам,

и тогаш ќе ти го осветлам патот, не грижи се.

 

-SoulDiary




Коментари

коментари