Трепет

Трепет

Ја сакам тишината,

ја сакам кога сум до тебе.

Само црцорењето на птиците

и отчукувањето на твоето срце.

Сакам кога си мирен, спокоен

крај мене.

Кога тивко се галиме, со воздишки.

Блиски. Сплотени. Едноставни.

Изгубени еден во друг.

Се храниме со своето постоење.

Тивка ерупција на емоции. Трепет.

Тука сме. Едно сме. Знаеме.

 

-SoulDiary

 

 




Коментари

коментари