Запишано

„Запишано“

Делче од душава е…
сум го љубела од секогаш
и кога не го знаев.

Дознав кога го видов.
Од првиот момент кога го погледнав.
Можеби јас не знаев, но душава знаеше.
Си го позна делчето кое и фалеше.

Приказната запишана во ѕвездите
го чекаше само моментот,
да ни се спојат патиштата,
да ни се запознаат срцата.

Не е важно веќе ништо,
само ние,
секогаш ние.

 

-SoulDiary




Коментари

коментари