Погледнете го трејлерот за филмот “The Post” (ВИДЕО)

Објавен е првиот трејлер за филмот “The Post” на Стивен Спилберг. Во филмот, главните улоги ги играат Том Хенкс и Мерил Стрип.

Филмот е инспириран од вистински настани. Во време кога новинарството се наоѓа под обвиненија за лажни вести, првата жена издавач во историјата на “Washington Post”, Кеј Грахам (Мерил Стрип) и уредникот Бен Бредли (Том Хенкс) пробуваат да објават политички прикриени настани кои се поврзани со Виетнамската војна.

Во филмот исто така глумат Алисон Бри, Кери Кун, Дејвид Крос, Брус Гринвуд, Трејси Летс, Боб Оденкирк, Сара Полсон, Џеси Племонс, Метју Рајс, Бредли Витфорд и Зек Вудс. Сценариото е на Лиз Хана и Џош Сингер.

Филмот “The Post” пристигнува на 22 декември, а светската премиера е закажана за 12 јануари.




Коментари

коментари