Погледнете го трејлерот за филмот “Tomb Raider” (ВИДЕО)

Тејлерот за новиот “Tomb Raider” филм конечно пристигна. 

За помалку од два месеци, љубителите на хероинската видео-игра „Лара Крофт“ ќе имаат можност да го гледаат новиот филм во кој главната улога ја глуми Алисија Викандер. Во филмот прикажани се авантурите на Лара Крофт на островот каде што исчезнува нејзиниот татко.

Режисери  филмот се Роар Утауг и Греам Кинг. Премиерата на филмот во кината во светот е закажана за 16 март 2018 година.




Коментари

коментари