Категории

Погледнете го трејлерoт за “Friends”

14 години после емитувањето на последната епизода од серијата “Friends”, на Youtube беше објавен трејлер, кој повторно ја разбуди надежта дека би можеле да гледаме филм со нови случки на Моника, Рос, Чендлер, Рејчел, Фиби и Џои. 

Во овој трејлер дознаваме дека Моника и Чендлер се пред развод, додека Џои е успешен актер, но дека нема емотивен партнер. Исто така, Рејчел и Рос се наоѓаат во проблеми и со години не се заедно. Фиби и Мајк имаат проблеми со сојот брак и не им оди добро. Децата на Рос, Ема и Бен, се веќе големи и одат во училиште.

Сепак, се работи за неофицијален трејлер, кој е објавен на Youtube каналот „Smasher“, кој често прав уверливи, но лажни најави за филмови.

Прегледи:
378
Објавено на:
23.01.2018