Погледнете ја најубавата река во светот, наречена “течно виножито”

Кога ќе ги погледнете фотографиите од оваа прекрасна река, несомнено ќе помислите дека се работи за фотошоп. Црвена боја, коа тече под палмите помешана со уште неколку силни бои, толку совршено што се добива впечаток дека станува збор за темперни бои истурени во реката. Но, се работи за реални фотографии од реката која тече низ Колумбија со името Кањо Кристалес.

Мешавина на водни растенија и трикови на светлината искомбинирани ја претвораат водата во цел спектар на бои. Циркуларните карпести базени на глетката додаваат жолт и зелен одблесок. Поради сето ова, не е тешко да се заклучи зошто ова мало познато природно чудо е познато како течно виножито.

 




Коментари

коментари