Погледнете ја првата фотографија од Париз, а воедно и првиот фотографиран човек

oldest paris photo Louis Daguerre

Ова е градска фотографија, а инау е и најстарата фотограија од Париз, а нејзин креатор Louis Daguerre е пронаоѓачот на дагеротипијата.

Не само што познатиот пронаоѓач е креатор на една од најпознатите фотографски техники од 19тиот век, туку ја има и посебна чест заради тоа што ја направил оваа фотографија.

Сликана на Place de la République во Париз, Daguerre ја направил оваа фотографија која гледа јужно кон Boulevard du Temple. Фотографијава направена во 1839 година е често споделувана како првата фотографија од Париз.

oldest Paris photo Louis Daguerre

Прашањето кое често се поставува е зошто се улиците празни? Одговорот лежи во начинот на кој се правеле фотографиите, имено постапката на фотографирање траела 10 минути.За среќа еден човек не успеал да и избега на камерата, а во левиот агол може да видиме човек на кој му ги чистат чевлите.

Тој стоел доволно долго за да биде регистиран од апаратот, а со тоа влага во историјата како прв фотографиран човек.

oldest Paris photo Louis Daguerreh/t: [Lost at E Minor]




Коментари

коментари