Погледнете ја трансформацијата на оваа подземна железница во Њу Јорк во подвижна библиотека

Благодарение на инспиративната иницијатива на една јавна библиотека од Њујорк, возењето во подземна железница никогаш не било позабавно.

“Библиотеката на подземната железница” нуди бесплатна дигитална платформа и ги поканува и ги охрабрува патниците да прегледуваат и превземаат книги, раскази, поглавја и извадоци кои можат да се читаат брзо и лесно.

Патниците имаат пристап до сите наслови на библиотеката преку WiFi мрежа достапна за патниците во возовите и на станиците. Откако ќе се поврзат, ќе им бидат достапни бројни дигитални книги, раскази и извадоци од издавачите во Њујоршката јавна библиотека и на тој начин на љубителите на книги им се гарантира пријатно патување низ страниците на книгите без оглед на оддалеченоста.

За да се прослави лансирањето на библиотеката на метрото, еден среќен воз е целосно преуреден. На надворешноста, шарените букви ја опишуваат “Библиотеката на подземната железница”. Во внатрешноста, седиштата се камуфлирани како полици, од страните има”ѕидни” цигли а најгоре репродукција на еден познат историски таван што се наоѓа во неодамна повторно отворената њујоршката библиотека. 




Коментари

коментари