Погледнете како изгледаат улиците ширум светот

Секоја земја има убавини кои ќе ви го одземат здивот, поради кои навистина треба да ги посетите.

Секоја локација си има некоја своја убавина, на пример убава улица. За некој кој прв пат се наоѓа и ги гледа тие убави улици, смета дека тие улици многу поубави, дури и од улиците кои ги има во сопствената земја.

Еве како изгледаат улиците во некои делови од светот кои ќе го разбудат тоа чувство кај вас.

Умбрија, Италија

Често наречен „зеленото срце“ на Италија, Умбрија е специфичен град бидејќи е единствениот италијански регион кој нема ниту крајбрежје ниту граница со ниедна друга земја.

Маракеш, Мaроко

Маракеш е град исполнет со бои. Ви препорачуваме да ја посетите и Медина, центарот преполн со туристички сувенири, превкусна храна и пријателско локално население.

Хавана, Куба

Улиците на Хавана изобилуваат со контрадикторни елементи кои совршено се склопуваат во вистински хармонични пејзажи – пастелните бои се мешаат со силните, додека стари автомобили се движат по гламурозните улици.

Таjпеj Сити, Тајван

Џуфен, мало планинско село во областа Руифанг во Таjпеj, Тајван, е познатo по калдрмите, прекрасниот поглед на океанот и препознатливите црвени фенери на улиците.

Кјото, Јапонија

Кјото, е познат по градините и историските храмови и светилишта, а Хигашијама е една од најсочуваните историски области каде може да се движат само пешаци. Преполна со традиционалните јапонски палати наречени „риокан“.

Бахиа, Бразил

Уличките во Бахиа се одлично место каде ќе најдете мешавина од африканските и португалските стилски влијанија. Навистина ќе се воодушевите.

Сужоу, Кина

Сужоу е лоциран во југоисточната провинција на Источна Кина, Жиангсу. Покрај тоа што во последно време е „жртва“ на модернизацијата, тука сепак можат да се видат хармонични павилјони, градини, канали кои ја преживеале, и исклучително прекрасни пагоди.




Коментари

коментари