Полицаец бил повикан за помош, бил скршен од тоа што го видел и му го сменил животот на ова момче

Кога полицаец од Јужна Каролина одговорил на повикот на 13 годишно момче, наошол нешто неочекувано, што потоа го променило животот на семејството на младото момче.

60772_1280x720

Cameron Simmons вознемирен се јавил во полициската станица, а полицаецот Gaetano Acerra е човекот кој се упатил кон домот на момчето кое велело дека сака да избега од дома и дека не може да живее во таа куќа, бидејќи мајка му му викала зошто играл со видео играта на брат му.

Кога полицаецот влегол во домот на момчето, го видел вистинскиот проблем. Собата на момчето била комплетно празна, неговата облека ја чувал во вреќа за ѓубре, а немал никаков кревет.

Потоа полицаецот ги дознал причините за таквата состојба, мајката на Cameron имала животни потешкотии, заради неочекувано селење од Тексас во Јужна Каролина, за да се грижи за болна роднина.

Ваквата состојба на семејството го трогнала полицаецот Acerra, тој бил решен дека мора да им помогне и направил нешто што не е во описот на неговото работно место, туку е човечно.

cop-teen_2

Семејството немало идеја што се случува, а полицаецот Acerra им организирал големо изненадување. Поминал недели собирајќи мебел и предмети за семејството, направил комплетна соба за неговиот нов пријател Cameron. Исто така успеал да најде и ново биро, столче, телевизор, кревет и Wii систем за Cameron. Истото го направил и за неговиот брат, а им нашол и маса за хокеј, за да играат заедно.

Cameron бил шокиран од радост и благодарност, а исто и неговото семејство. Откако се прошири веста за доброто дело на овој полицаец и други луѓе дале свој придонес за подобар живот за ова семејство.

 




Коментари

коментари