Категории

Помина 168 километри и ги собра сите Покемони

Слоганот вели “мораш да ги собереш сите”, а еден верен играч тоа го сфати многу сериозно и за само 14 дена успеа да ги собере сите 142 Покемони, колку што и се достапни во САД.

Играчот познат како “ftb_Hodor” со својот успех се пофали на “Reddit”, а по деталното испитување сите играчи почнаа да му веруваат. Всушност, веднаш започнаа да му поставуваат прашања за деталите, а очигледно е дека се задоволни од одговорите.

pokemon-go0

Тој тврди дека во текот на два дена во просек поминувал повеќе од 12 километри што значи дека вкупно поминал 168 километри.

“Ослабев 4 килограми. Дефинитивно можам да издржам одење и трчање. Во теретана веројатно би го имале истиот ефект, важно е тоа што го правите да ве мотивира. Мене играта “Pokemon Go” ми се виде интересен начин на вежбање” – изјави играчот.

Прегледи:
338
Ознаки:
Објавено на:
25.07.2016