Категории

Попребаруван од порно филмот на Ким Кардашијан!

На Гугл еден збор е попребаруван од порно филмот на Ким Кардашијан, но и воопшто од термините “порно” или “фудбал”.

Станува збор за зборот “Брексит”, кој овие денови стана најпребаруваниот збор на Гугл, па прв пат се случи зборот “порно” да се најде на второто место, пренесува британскиот весник “Independent”.

Како што наведува весникот, Гугл стана “најголемиот советник” бидејќи голем број на Британци преку овој интернет пребарувач барале информации за тоа “што ќе се случи кога ќе излеземе од ЕУ”.

Иако интернет ескпертите, според сите досегашни искуства, тврдат дека е невозможно да се надмине бројот на пребарувања на зборот “порно”, за време и после кампањата и референдумот, зборот “Брексит” изби на првото место, а зад овие два збора следи “фудбал”, кој поради Европското првенство се наоѓа на третото место.

Ден после одржувањето на референдумот во Британија, зборот “порно” доживеал најголем пад по бројот на пребарувања на Англичаните. Само за споредба, “Independent” наведува дека порно видеото на американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан, објавено во 2014 година, тогаш било пребарувано на интернетот шест пати помалку во однос на Брексит.

Прегледи:
431
Објавено на:
07.07.2016