Категории

Портрети кои ја прикажуваат убавината и различноста на црвенокосите од сите раси

Во светот има помеѓу 1 до 2 проценти црвенокоси луѓе, а додека за нив се смеа дека се белци и со шкотско или германско потекло, реалноста е дека во светот има милиони луѓе кои припаѓаат на други раси освен белата.

Мишел Маршал е фотографка родена во Франција, а сега живее во Лондон и тоа по што е посебна е нејзините портрети, серијалот MC1R, именуван по генот меланокортин 1 рецептор, главниот причиниел на црвената коса.

Првата замисла на Мишел била да ги документира пегите, но откако запознала девојче од мешана раса, таа решила да го насочи својот фокус на луѓе од други раси, освен белата, кои го имаат MC1R генот. Нејзините субјекти ги наоѓа на улица, преку пријатели и преку социјалните мрежи.

„Сакам да ги рушам предрасудите“ вели таа за Huffington Post. „Како што се бориме со проблеми како имиграција, дискриминација и расни предрасуди, Мајка природа, пак, го следи сопствениот тек, прифаќајќи го плурализмот на општеството и, во тој процес, ги тресе нашите перцепции за потеклото, етничката припадност и идентитетот.“ 

Прегледи:
1433
Објавено на:
12.02.2018