После 17 години круната се враќа во Индија – Мануши Чилар е Мис на светот 2017

Индиската убавица Мануши Чилар денеска е избрана за Мис на светот за 2017 година. Во финалето на изборот за Мис на светот, кој беше одржан во Кина, круната ја понесе 20-годишната студентка по медицина од индиската држава Харајана.

За прва придружничка е избрана Андреа Меса од Мексико, додека втора придружничка е Британката Стафани Хил. Чилар е шеста Индијка која ја понесе титулата најубава девојка, и круната ќе ја врати во Индија после 17 години.




Коментари

коментари