Категории

Постои научно докажана причина зошто мажите се привлечени од големите женски задници

Истражувачите во областа на психологијата од Универзитет во Турција, на 300 мажи им претставиле слики од силуети на женски фигури со различни облини.

Потоа побарале од мажите да одберат кои од нив сметаат дека се најпривлечни а кои се најмалку привлечни. Поголемиот дел од нив биле повеќе наклонети кон оние кои имале закосеност на ‘рбетот од 45 степени, бидејќи тоа прави задникот на жената да изгледа значително поголем.

Исто така, истражувачите им покажале на мажите три слики од жени чиишто задници биле иста големина, но поради различна причина како што се: лакот на ‘рбетот, вишокот на масти и вишокот на мускули.

Жената која имала закосеност на ‘рбетот била прогласена за најпривлечна.

Ова довело до тоа истражувачите да заклучат дека токму аголот на рбетот, а не големината на задникот е оној кој има најголемо влијание и ги привлекува мажите.

Dr. David Lewis вели:

Мажите кои сметаат дека сакаат големи задници, сепак тоа повеќе се однесува на лакот на ‘рбетот. Мажите своето внимание го насочуваат кон задникот, но всушност станува збор за степенот на лакот на ‘рбетот, а тие дури не се ниту свесни дека се работи за тоа.

1 2

Прегледи:
656
Објавено на:
07.03.2016