Категории

Постојат 7 различни видови на женски гради, какви се вашите?

Женските гради ги има во сите форми и облици, кај секоја жена се различни. Некои имаат вишок, а некои сакаат поголеми. Градите обично ги разграничуваат на мали и големи, но не е се така едноставно.

На компанијата за долна облека Third Love и е работа да ги проучува женските гради и тие успеале да идентификуваат  седум различни видови на женски гради.

Купувањето на градник нема врска со големината, најважен е обликот и да ја најдете идеалната потпора.

1.Округли

Доколку вашите гради се полни и горе и долу, значи вие имате округли гради и не ви е потребен градник за да добиете убав облик, природата го сторила тоа за вас.

2. Исток запад

Вашите брадавици се насочени на страна? Доколку е тоа така вие сте исток запад девојка. Не мора брадавиците да ви се насочени на страните, доволно е градите да се гравитираат надвор од средината на вашиот граден кош.

3. Странични

Доколку имате повеќе простор меѓу вашите гради, тогаш вас сигурно ви е потребен градник кој ќе ви ги зближи градите една до друга.

4. Капки

Името објаснува. Ова се гради кои се округли, но се помалку полни во горниот дел. Ова се вид на гради за кои лесно може да најдете градник, се прилагодуваат на сите видови.

5, Тенки

Потенки се горе, пополни во долниот дел, но се подолги отколку што се широки. За овој вид на гради сигурно е потребен градник со потпунки, бидејќи вообичаено овие гради се мали и е потребна екстра помош.

6. Асиметрични

Многу често жените имаат асиметрични гради, некои во помала некои во поголема мера. Едноставно едната е поголема од другата. Доколку разликата е голема, во овој случај би ви помогнал градник на кој може да му се вадат и додаваат потпунки.

7. Ѕвоно

Овие се слични на тенките гради, единствено се разликуваат во тоа што се поголеми во обем. За овие исто така е потребна добра потпора.

Прегледи:
3314
Објавено на:
27.02.2016