Потребни витамини и минерали за цврста и убава коса

Сакате зголемен раст на косата? Цврстина? Сјај? Витамините и минералите ќе ви помогнат.

Загадениот воздух, (не)изборот на храна, разните препарати и обликувачи на коса кои ги користиме, го имаат своето влијание на косата, па таа станува слаба, кршлива и без сјај. Едноставно, начинот на кои живееме се манифестира преку нашата коса.

kosa

Според дерматологот др. Мелиса Пилианг од клиниката во Кливленд, не треба да избрзаме со заклучокот дека само витамините ќе бидат едниственото нешто што ќе ни ги реши проблемите со косата. Таа вели „Еден од најголемите митови е дека витамините ќе помогнат околу овие проблеми, но може да станува збор за други проблеми за кои не сме свесни, како на пример хронична анемија или нешто поврзано со тироидната жлезда.“

Доколку се е во ред со нашето здравје, значи негата на косата треба да ја насочиме кон внесување на витамини и минерали, во директна форма или преку храна.Имајќи го тоа во предвид, таа препорачува повеќе витамини и минерали да се земаат на дневна база, како и производи кои ги содржат истите:

Железо – Жените кои уште од детството не јадат многу црвено месо многу е веројатно дека имаат недостаток на железо. Дури и оние кои не се анемични, исто така имаат ниско ниво на железо. Железото го носи кислородот до косата и го потикнува растот. Но, многу е важно со вашиот доктор да разговарате колку железо (или било кој друг минерал) треба да земате секој ден. Храна која е богата со железо е: жолчки од јајца, леќа, спанаќ и пилешко.

Витамин Д – Важен е за растот на косата, особено за личности кои живеат во северни делови каде има ограничена сончева светлина. Исто така, се дава како додаток во терапија за атопична агзема. Конзумирањето лосос, печурки, говедски црн дроб и зрнест зеленчук е добра алтернатива за внес на витамин Д во организмот.

Цинк – Лицата кои имаат напорни тренинзи и оние кои многу се потат, губат голема количина на цинк. Да се надомести овој минерал, кој помага во растот на косата, потребно е истиот да се конзумира  во количина од 15 – 30 мг дневно, или внесете во вашата исхрана повеќе јагнешко месо, мисиркино месо, семки од тиква и чоколадо.

Б – комплекс – Биотин, ниацин и кобаламин се едни најпопуларните Б комплекс витамини кои помагаат за обновување на сјајот и цврстината на косата. (напомена: не секој б-комплес производ во аптеките ги содржи овие витамини, убаво распрашајте се). Конзумирајте повеќе житни производи, јајца, авокадо и мешункаст зеленчук, ова се едни од најбогатите производи со Б-комплекс.




Коментари

коментари