Потрошила 260.000 евра на пластични операции, а на задникот 16.000 евра. Сега се плаши да не и експлодира!

Стар Делгуидис од својата осумнаесетта година започнала со пластични операции бидејќи никогаш не била задоволна од својот изглед.

Досега потрошила дури 260.000 евра на пластични операции, четири пати ги зголемувала градите, два пати го оперирала носот, дури и вагината ја разубавувала три пати, имала и корекција на вилицата, а на крај за имплантите во задникот платила 16.000 евра.

Никогаш не бев задоволна. Бев слаба и рамна“, изјавила Стар, па отпатувала во Истанбул каде што докторите прифатиле да и вградат два пати поголеми импланти од дозволените во Велика Британија. Но, по седум часа колку што траела операцијата, се разбудила во агонија бидејќи задникот и изгледал преголем и неприроден.

„Преголем е и во секој момент мислам дека ќе експлодира“, изјавила разочараната старлета“.

„Имам напади на паника, се плашам и морам да одам кај психијатар. Кога ќе облечам бикини, тоа изгледа ужасно“. Меѓутоа и покрај непријатното искуство, Стар нема да се откаже од пластичните операции, само нема повеќе да вградува импланти.




Коментари

коментари