Категории

Позелене еден од Олимписките базени!

Еден од базените во олимпискиот центар “Maria Lenk” во Рио ја промени бојата од азурно сина во морничаво зелена.

Имено, станува збор за базенот кој беше наменет за финалето на женското синхронизирано скокање од 10 метри, а 24 часа претходно базенот беше во совршени услови.

Иако нема конкретен одговор, последните нагаѓања се дека причина за зелената боја се одредени видови на алги, додека други тврдат дека бојата била намерно додадена за да се намали ефектот на отсјајот на водата.

Британката Тонија Коуч, која заедно со партнерката Луис Тулсон заврши на петтото место, тврди дека базенот станал зелен меѓу загревањето и самиот настап.

q2

Организаторите сѐ уште немаат дадено објаснување за зелената вода во базенот, нагласувајќи дека сепак е многу важно да се осигура високото ниво на квалитет при натпреварувањата.

И покрај зелената боја, кинескињите Чен Роулин и Лиу Хуксија изведоа беспрекорен скок, со што го освоија златниот медал.

q3

q4

q5

q6

q7

Прегледи:
431
Објавено на:
10.08.2016