Категории

ПОЗНАТИ ДАМИ КОИ ЈАВНО ПРИЗНАА ДЕКА СЕ БИСЕКСУАЛКИ

Познатите личности и нивните љубовни врски се честа тема на разговор. Дел од похрабрите ѕвезди јавно ја признаа својата сексуалност, додека некои сè уште ја држат во тајност.

Погледнете кои од познатите познати дами јавно ја признаа својата бисексуалност.

Амбер Херд

Пред да стапи во брак со Џони Деп, таа беше во врска со жена и јавно зборуваше за својата бисексуалност.

Анџелина Џоли

Џоли е позната по тоа дека отворено зборува за сексуалната определба. Таа досега била во врска со жена и има зборувано за тоа како една жена може да задоволи друга.

Ферги

Познатата пејачка еднаш јавно изјави дека имала неколку забавни моменти со жени и дека воопшто не се кае ниту срами поради тоа.

Лејди Гага

Лејди Гага призна дека била во неколку љубовни врски со жени и дека нејзината песна Poker Face е испеана за бисексуалноста.

Меган Фокс

Меган Фокс во 2011 јавно изјави дека е бисексуалка. Таа сепак сега има сопруг и две деца.

Синтија Никсон

Синтија беше во брак со маж и со него има две деца. Но, откако се разведе во 2012 таа стапи во брак со Кристин Мариони и потврди дека е бисексуалка.

Прегледи:
255
Објавено на:
27.03.2017