Правете ги овие маски и вашето лице никогаш нема да има брчки !

Можеби е време да се посветите на природните решенија кои ќе се покажат доста ефикасни, а и вашиот буџет ќе биде благодарен бидејќи пторебните состојки најверојатно сигурно ги имате.

За сува кожа. Две лажички мед помешајте ги со една лажичка јаболков оцет. Добро промешајте и нанесете на лицето и оставете да стои така 15 до 20мин. Потоа со млака вода измијајте го лицето. Медот делува како природен хидрант за лицето,па и дава освежување на кожата, додека јаболковиот оцет го одржува нивото на pH вредноста нормално.

За мрсна кожа. Две лажички јогурт се мешаат со една лажички сок од лимон. Помешајте ги состојките и нанесете ги на лицето, но и на вратот и оставете да делуваат околу 30мин. Кога маската ќе се стврдне измијајте го лицето со млака вода. Јогуртот помага во борбата против брчките, додека лимоновиот сок помага за остранување на акните.

За нормална кожа. Една банана изгмечете ја и така нанесете ја на лицето. Нека стои околу 20мин. Ова помага во потполност за чистење на кожата. Можете да додадете и малку маслиново масло. Нека стои исто толку време, а потоа детално исчистете го лицето.




Коментари

коментари