Категории

Правило на 7-ка кое ќе ви донесе среќа, здравје и успех!

Black and white signpost with the words Health, Wealth and Happiness against a blue cloudy sky.

Постојат многу начини како да размислувате позитивно, да бидете посреќни, поуспешни, како да живеете во целост. Ова правило на 7-ка е можеби наједноставниот:

1.Прочитајте книга за да се ослободите од лошото расположение. Читањето пред спиење, е далеку подобро од гледање телевизија, тоа ви помага да се релаксирате да заборавите на грижите и со тоа ви помага да се опуштите и да спиете подобро.

2.Отворете прозорец за да излезат надвор сите негативни јони кои се штетни за здравјето,затоа што ги неутрализираат позитивните. Со тоа ќе влезе и свеж воздух во собата и можеби убав мирис од цвеќињата покрај вашата куќа.

3.Играјте карти, шах или решавајте крстозбори, со тоа ја одржувате активноста на мозокот. А и секоја победа над противникот ќе ви донесе чувство на задоволство.

4.Не занемарувајте ја вашата врска или брак. Среќни во љубовта значи среќни и успешни на работа. Здрава и квалитетна врска е новото-половина здравје.

5.Спијте повеќе. Недостатокот на сон го забрзува менталното и физичко стареење. За добра форма треба редовно да спиете околу осум часа.

6.Излезете на сонце. Сончевата светлина е неопходна за создавање на витамин Д, кој и е потребен на вашата кожа, коса, и е виновен за вашето добро расположение.

7.Пијте вода. Никогаш не е доволно, и секогаш е малку. Не дозволувајте телото да дехидрира. Ќе се почувствувате подобро со само чаша-две повеќе вода на ден. Започнете од тука.

Прегледи:
627
Објавено на:
13.06.2016