Категории

#ПРАЗНИЦИСЕБЛИЖАТ: Еве како да направите ефтино, брзо и лесно лажни балони со хелиум

Балоните кои лебдат за децата се навистина прекрасна забава, но овие балони наполните со хелиум, не се баш ефтини. Зошто би ги купувале, кога и самите може да ги направите? Еве и како.

Факт е дека балоните кои вие ќе ги направите, нема да лебдат како оние кои се полни со хелиум, но сепак може да бидат адекватна и многу поефтина замена.

Она што вам ви е потребно, покрај балоните, сигурно го имате во вашата кујна, а тоа се следниве работи:

  • Неколку балони
  • Празно пластично шише од 1 л. или 1,5 л.
  • Инка
  • Оцет
  • Сода бикарбона

Постапка:

Наполнете една третина од шишето со оцет. Потоа, во балонот, со помош на инка, ставете 2-3 мали лажички сода бикарбона, а потоа внимателно, да не се истури сода бикарбоната навлекувајќи го грлото од шишето и потоа многу брзо следува реакцијата. Балонот ќе се наполни со јаглерод-диоксид, кој ќе го испушта сода бикарбоната во комбинација со оцетот.

Кога балонот ќе се надува, врзете го и залепете го на таван со помош на статички електрицитет.  Тоа би го постигнале така што балонот би го протриле од некој материјал кој создава електрицитет или едноставно протријте го од вашата коса.

Ефектот ќе биде неверојатен. Балоните ќе издржат најмалку пет часа за да не паднат. Со овој едноставен трик, на вашите деца ќе им приредите невидена забава.

Прегледи:
1455
Објавено на:
10.12.2016