„Пред да речеш -Да“

10636327_720924707962951_6725505218734881668_n

Пред да речеш „Да“,пред да ги занемиш сите гласови кои вриштат во тебе и да им се препуштиш на звукот на чекорите да те водат кон олтарот, застани пред него и пробај да се видиш себеси.. Запрашај се, дали би сакала твоето небо засекогаш да ја има бојата на неговите очи и дали би поднела неговиот глас да е единствената мелодија која ќе те буди наутро? Извади ги стравовите од тој џеб во душата чија врвка упорно ја затегнуваш и соочи се со вистината пред да е премногу доцна.
Разлути го, неговиот глас нека ечи како одлом додека од неговите очи се преплавуваат вулкани, помисли дека понекогаш небото ќе биде такво, а и мелодијата во неговиот глас понекогаш ќе биде неподнослива.
Запрашај се себеси дали сеуште тој е човекот покрај кој би се будела.. Пред да речеш „Да“, остави го да ги испразни сите чаши вино се додека не си ги разголи мислите, само така ќе знаеш кои се неговите најскриени намери и дали ти си секогаш на неговото прво место.
Ти не можеш да промениш никого, ако сега не ти се допаѓа начинот на кој удирајќи ги затвора вратите зад себеси, и по гледот од кој беснее оган, нема да ти се допаѓа ни по десет години. Прекрасна девојко, можеби сега тој е љубовта на твојот живот.. Но запомни дека има нешто многу поважно од неа, а тоа е спокојот!

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари