Предлог празнични маникири

Оваа сезона е исполнета со прослави, многу семејни слави, новогодишни прослави и божиќните празници. За специјалните прилики сите сакаме да изгледаме убаво и посебно, а притоа не изостануваат ни нашите нокти. Ова се предлог маникири, во тонови соодветни за оваа сезона, но сепак интересни и иновативни.

Гео дизајн

За подлога употребете неутрална нијанса, а со помош на салотејп или друг вид на ленти направете различни дизајни и нанесете потемен/контрастен лак. Завршете со слој безбоен лак за совршен сјај.

 

Сјајно сивило

Употребете за подлога сив светкав лак, почекајте да се исуши па потоа од едната страна нанесете дијагонално металик сив лак, а откако ќе се исуши, истата постапка повторете ја од другата страна со темно сив лак.

Бели кутикули

 Нанесете два слоја бел лак на сите нокти, почекајте убаво да се исуши па потоа земете го црниот лак. Внимателно нанесете на сите нокти, избегнувајќи да почнете од врвот. На едноставен начин ќе имате интересен дизајн.

Месечини

Нанесете по два слоја сивокафен лак, а потоа со светкав зелен лак исцртајте месечева линија од кутикулите до крајот на ноктот. Откако ќе се исуши лакот, врз полумесечинките нанесете златно светкав лак.




Коментари

коментари