Категории

Причини поради кои мажите изневеруваат иако се во среќна врска

Изневерувањето се случува и во најсреќните врски. Најчесто поради стравот дека премногу сте внесени во врската, неможете да се препознаете или пак едноствно неочекувано ќе се случи…

Се обидува да си врати дел од себе

Ова не значи дека мажот сака да се дистанцира од вас или да раскине, туку едноставно дека се обидува да се пронајде во нешто што смета дека го изгубил. Може да биде слобода? Можеби страст? Или нешто сосема друго. Иако ќе ве повреди што отишол да го побара тоа надвор од вашата врска, не значи дека со вас не е среќен. Постои и голема веројатност дека се срами да ви каже што му треба.

Запишано му е во ДНК

Изневерувањето се случува во секоја култура. Се случувало и во оние кои ги каменуваат прељубниците. Па, се прашувате, зошто луѓето со прељуба би го ризикувале и сопствениот живот? Одговорот лежи во нашата биологија. Во нас се наоѓа дуална репродуктивна стратегија, што значи дека тежнееме кон размножување. Но, од друга страна, склони сме кон изневерување бидејќи од тоа имаме корист. За мажите, повеќе жени значи повеќе деца, што му дава шанса да ја обезбеди својата ДНК во иднина. За жените, контактот со повеќе мажи значи зголемување на шансите да биде обезбедена во случај нејзиниот сопруг да почине или да ја отфрли. Иако во денешно време малку луѓе размислуваат на овој начин, ова е запишано во нашата ДНК.

Некогаш едноставно ќе се случи

Сите сме ранливи кога е во прашање љубовта. И секој во некој момент паѓа во искушение. На сите ни годи вниманието и фактот дека на некого сме му атрактивни. И доколку на тоа имате баш лош ден и под одредени околности не сте склони на здраворазумно расудување, склони сте да направите неверство.

Ништо од ова не се изговори. На крајот од денот, изневерувањето е само избор кој самите сте го направиле, па дури и во момент кога не размислувате трезвено. Единствено што е важно е да сфатите дека тоа може да му се случи на било кого.

Прегледи:
267
Објавено на:
27.05.2017