Категории

Пригответе смути од капини за 4 минути

Во текот на летото хидратацијата е од големо значење. Поради тоа, што може да биде подобра опција од домашен свеж пијалак?

На овој начин имате потполна контрола врз состојките и нивната хранлива вредност. Користете свежи и органски состојки и контролирајте ја сладоста во пијалакот со прилагодување на шеќерот / засладувачот според свој вкус. По потреба додадете банана за да внесете повеќе хранливи состојки. 

Антиоксидантното смути од капина не е само освежително, туку е и неверојатно здраво. Овој пијалак кој е комбинација од свежи капини, млеко, протеини и ленено семе, кога еднаш ќе го направите со сигурност ќе стане вашиот омилен појадок.

Капините се еден од најздравите плодови со минимални калории. Затоа, најдобар начин да се консумираат капини во нивната сурова форма е во вид на пијалак. Тие се богати со витамин Ц и се одличен извор на растворливи и нерастворливи влакна. Тие имаат антиканцерогени својства, го заштитуваат срцето, а исто така го засилуваат имунитетот. Рецептот за совршено смути од капини е едноставен и ќе ви одземе не повеќе од 4 минути, содржи 209 калории, 12 грама масти, 21 грам јаглехидрати и 8 грама протеин.

Состојки: 

  • 1 шолја свежи капини
  • 2 шолји млеко
  • 1/4 шолја ленено семе

Начин на приготвување:

  • Ставете ги сите состојки во блендер да се соединат
  • Ставете го приготвеното смути во чаша и уживајте во неодоливиот вкус

Прегледи:
1282
Објавено на:
28.07.2017