Категории

Приказна од бајките: Италијанска новинарка родила кралско дете!

Белгискиот принц Амадео станал татко за прв пат. Неговата сопруга Елисабета родила девојче.

Белгискиот принц Амадео, внук на кралот, и неговата сопруга Елисабета Мариа Росбох фон Фолкенштајн добиле ќерка во вторникот, што е нивно прво дете, објавила белгиската кралска палата.

“Белгискиот принц и принцезата радосно го објавуваат раѓањето на нивната ќерка, родена во болницата Сан Пјер во Брисел. Нивните семејства се приклучуваат во големата среќа. Нивната ќерка тежи 3,3 килограми е долга е 52 сантиметри. Мајката и детето се добро”, објавила кралската палата.

kako-vo-bajkite-princ-belgija-02

Станува збор за прв правнук на поранешниот белгиски крал Алберт Втори, кој абдицирал во 2013. година.

kako-vo-bajkite-princ-belgija-03

Принцот Амадео, роден во 1986. година, е внук на кралот Филипе, и шести во ред наследник на белгиската круна.

kako-vo-bajkite-princ-belgija-04

Принцот се оженил во 2014. година со италијанската новинарка Елисабета Мариа Росбох фон Фолкенштајн.

kako-vo-bajkite-princ-belgija-05 kako-vo-bajkite-princ-belgija-06

Прегледи:
351
Објавено на:
18.05.2016